Дарко Филиповиќ по аферата на сопругата Македонка, со негов другар и разводот: „Не се женам пак“
- Детали
- вторник, 24 февруари 2026
„Ако не ѝ е срам, нека ви ја каже вистинската причина. Долго време ме изневеруваше со мој другар, кој сега веќе ми е поранешен другар“, изјави Дарко Филиповиќ по разводот од сопругата во 2023-та, а сега откри дека секоја година по 2 месеци оди на одмор во Тајланд.

Пејачот Дарко Филиповиќ ужива на Тајланд, каде се сретна и со пејачот Саша Ковачевиќ и двајцата објавија заеднички фотки на Инстаграм.

Во српските медиуми се појави вест дека Дарко ќе се жени на Тајланд, но тој негираше.
Тој се огласи дека нема намера повторно да стапува во брак.

Инаку, Дарко Филиповиќ се разведе во 2023-та година од сопругата Јасмина од Македонија која, како што раскажа самиот, го изневерила со негов пријател.

Нивната љубов траеше 12 години, а парот имаше раскошна свадба.
На свадбата присуствуваа голем број јавни личности, меѓу кои Дарко Лазиќ, Милица Тодоровиќ, Славица Чуктераш, Милан Динчиќ Динча и многу други.

По разводот, Дарко за поранешната сопруга изјави:
„Ако не ѝ е срам, нека ви ја каже вистинската причина. Долго време ме изневеруваше со мој другар, кој сега веќе ми е поранешен другар.
Треба да ѝ е срам, бидејќи сите нејзини блиски ја отфрлија.

Како што гледате, мојот образ е чист и затоа не ги менувам телефонските броеви и не ги бришам Инстаграм профилите од срам“.

Инаку, Дарко за време на пандемијата со корона вирусот вложи во недвижнини во Грција, од кои денес одлично заработува, па така издава два стана во близина на Солун.