Саша Ковачевиќ и свршеницата на исто место во Тајланд по 7 години – позираат згодни и вљубени, уживаат со нејзината ќерка (фото)
- Детали
- среда, 04 февруари 2026
Саша и неговата свршеница Зорана ја повторија позата од 2019-та на истото место во Тајланд, сега уште позгодни и повљубени - уживаат во одморот заедно со ќерката на Зорана, која го обожава Ковачевиќ и го вика „папа“.

Во октомври 2025, по 8 години врска со саканата Зорана Тасовац, Саша Ковачевиќ клекна на колено и ја побара нејзината рака.
Прочитајте и „Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачевиќ за приватниот живот
Тој во една прилика рече дека сака венчавката да биде интимна и на егзотична дестинација, а моментално парот ужива на одмор во Тајланд.
Парот го посети истото место на кое беа и во 2019-та година, каде позираа со своите извајани тела.
позата од патувањето во Тајланд во 2019-та
7 години подоцна, тие ја повторија позата, уште позгодни и повљубени, а овој пат на одморот со нив е и ќеркичката на Зорана, Искра.

Саша е многу близок со Искра и откри дека го вика „папа“, за да не биде исто како што го вика нејзиниот татко.
Пејачот објави неколку фотки на кои се гледа како семејството ужива во времето поминато заедно, на плажа, но и во истражување на убавините и животинскиот свет, како и дружење со колегата Дарко Филиповиќ.





Прочитајте и Се запознале на Инстаграм, нејзиното дете го вика „папа“ – Љубовната приказна на Саша Ковачевиќ и Зорана
М. М. | Црнобело