Ќерката на Харис Џиновиќ ја напуштила семејната куќа, заминала кај дечкото во Барселона – Како реагира татко ѝ, по разводот со Мелина?

Мајка ѝ по разводот со Харис замина кај новиот партнер милијардер во Монако, а сега и Џина, по нејзините стапки, ја напуштила семејната куќа во Белград и се преселила во Барселона кај дечкото без татко ѝ да знае.

kjerkata-na-haris-djinovikj-ja-napushtila-semejnata-kukja-zaminala-kaj-dechkoto-vo-barselona-kako-reagira-tatko-i-po-razvodot-so-melina-01.jpg

По турбулентниот развод на Харис Џиновиќ и Мелина, таа замина во Монако кај својот партнер милијардер.

Додека Харис јавно зборуваше против неа, нивната ќерка Џина изгледа како да се трудеше да се држи настрана од јавната драма, па често одеше во посета кај мајка ѝ и еден период живееше со неа, покажувајќи дека ја поддржува.

Харис Џиновиќ за бившата Мелина: „Не можам да ја наречам дама, премногу ѝ давав слобода, ѝ здосадив“

kjerkata-na-haris-djinovikj-ja-napushtila-semejnata-kukja-zaminala-kaj-dechkoto-vo-barselona-kako-reagira-tatko-i-po-razvodot-so-melina-02.jpg

Сега, српските медиуми пишуваат дека и Џина исто како мајка си, ја напуштила семејната куќа на татко ѝ во Белград и се преселила во Барселона, што може да се види и на нејзините последни Инстаграм објави.

Спа центар, винска визба - Што крие луксузната вила од 2 милиони евра што Харис Џиновиќ ѝ ја остави на бившата?

Таа шета во локални ресторани, ужива во шопинг, игра тенис, се опушта на плажи и целосно се препушта на луксузниот животен стил кој го живее, но не пропушта и да го покаже своето тело и силиконите во гради кои неодамна ги стави

Добро известен извор близок до Џина, за српските медиуми открива:

„Џина во последните месеци минуваше низ многу стресен период. во јавност испливаа приватни снимки, а на неа ѝ беше потребна пауза.

Од неодамна се гледа со еден дечко кој веќе со години живее во Шпанија, па сметаше дека е логично да се пресели кај него и да ужива далеку од очите на јавноста.

Џина без никаков претходен договор со Харис одлучи да се пресели. Нивните односи не се баш најдобри уште од неговиот развод со Мелина, а секој нејзин следен чекор, тој го дочекуваше со негодување.

Џина со него речиси и да не се слуша откако отиде во Шпанија, но не се сомневам дека ќе се смират, сепак се татко и ќерка и јасно се гледа колку се сакаат“.

Инаку, Харис изгледа одамна има кренато раце од својата ќерка за која многумина тврдат дека е разгалена и сака да живее скапо, а во една прилика имаше изјава во која призна дека му е полесно да не гледа што прави неговата ќерка на социјалните мрежи и како се покажува во полуголи изданија. 

„Не сакам да знам што прави ќерка ми на социјалните мрежи“ – Прва изјава на Харис Џиновиќ по вестите за разводот

Повеќе фотографии од Џина: 

М. М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Харис Џиновиќ за бившата Мелина: „Не можам да ја наречам дама, премногу ѝ давав слобода, ѝ здосадив“... „Кога реков дека премногу давав, не мислев на финансискиот дел, туку на слободат...
Куќа од 390 квадрати вредна 1,3 милиони евра - Северина купи нов дом во елитна населба во Загреб Хрватската ѕвезда Северина наскоро ќе го напушти пентхаусот во Загреб, каде што ...
Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ е бикини кралица во Шпанија - Која е тајната на нејзиниот фит изгл... Џина Џиновиќ стравува од генетиката, со оглед на тоа што нејзината мајка Мелина ...

Најчитани неделава