Ќерката на Саша Поповиќ низ солзи првпат зборува за починатиот татко: „За мене тој беше најдобар татко на светот“
- Детали
- четврток, 26 февруари 2026
„Гранд продукција“ во чест на Саша Поповиќ го сними документарниот филм „Сале“. Во најавата сопругата Сузана е потресена, Карлеуша брише солзи, Брена со кнедла во гласот зборува за починатиот музичар, но најемотивни се сведоштвата на неговата ќерка единица.

На 1 март се навршува една година од смртта на Саша Поповиќ, поранешниот прв човек на „Гранд продукција“, кој почина во онколошка болница во Париз.

А продукцијата, која тој ја формираше заедно со Лепа Брена, во негова чест сними документарен филм во два дела, „Сале“, кој ќе се прикажува викендов, на 28 февруари и 1 март.

Тука, неговите сакани - сопругата Сузана, ќерката Александра и посинокот Даниел, кого Саша го сакаше како свое дете, со многу емоции зборуваат за починатиот музичар.
Низ солзи се сеќаваат на него, а Александра, пред да „се скрши“ вели:
„За мене беше најдобриот татко на светот“.

„Беше полн со живот, со енергија, полн со радост и полн со љубов... И тој да има таква болест...“, раскажува сопругата низ солзи.
Подеднакво емотивни се и дел од српските ѕвезди кои зборуваат за Поповиќ.

И додека Цеца и Марија Шерифовиќ многу енергично и живо раскажуваат за Саша, Јелена Карлеуша и Брена не можат да ги скријат емоциите.
„И кога ни беше најтешко, секогаш велевме дека мора да одиме напред“, кажува Брена со кнедла во грлото.

А Јелена брише солзи, па кажува: „Ми течат солзи, а јас знам дека тој не би сакал никој да плаче“.

Кликнете и погледнете го трејлерот за документарниот филм „Сале“ и неколку кратки видеа од најавата:
А. Ј. | Црнобело