Подзинала кога го видела, тој бил во врска со друга – Како се запознале Данијела Димитровска и сопругот?

Се запознале преку заеднички пријатели, додека тој бил во врска со друга девојка, која ја оставил веднаш штом сфатил дека има чувства за Данијела.

podzinala-koga-go-videla-toj-bil-vo-vrska-so-druga-kako-se-zapoznale-danijela-dimitrovska-i-soprugot-01.jpg

Данијела Димитровска, по разводот со Огњен Амиџиќ, ја пронајде среќата со 6 години помладиот фудбалер Јеврем Косниќ.

По околу 2 години врска, тој ја запроси во мај 2025, а во јануари 2026, стапија тајно во брак.

Таа сега е многу среќна со него, а во минатото, има откриено дека љубовта со него била на прв поглед.

Кај него препознала доверливост, великодушност и почитување кон партнерката и семејството, што ѝ било пресудно за да се вљуби уште повеќе во него како човек.

Љубовта им започнала спонтано и неочекувано, затоа што на почетокот тој бил во врска со друга девојка кога се запознале.

Тие се запознале на вечера во ресторан, а кога првпат го погледнала Јеврем, Данијела признава дека подзинала и ѝ паднала вилицата.

„Беше многу неочекувано и спонтано. Морам да бидам искрена, јас сум од тие што мислат дека не може да запознаат партнер на излегување. Но ете се случи лудо. Бев со пријатели во ресторан на вечера.

Мене ми треба многу за да се заљубам и да забележам некого. Ретко кога некого ќе забележам и речиси никогаш не коментирам. Ни мажи ни жени.

И се сеќавам дека одеднаш подигнав глава нагоре и кога го видов него ми падна вилицата. Толку. Таа информација ја споделив со друштвото, а тие беа шокирани познавајќи ме.

Па по некоја случајност ете и јас му се допаднав него и така натаму...“ - изјавила Данијела според српските медиуми

Романсата не им почнала веднаш, но кога по кратко дружење сфатил дека има чувства кон неа, ја раскинал постоечката врска за целосно да ѝ се посвети на Данијела.

Според некои извори, се претпоставува дека ги споиле заеднички пријатели, а веднаш се пронашле еден со друг како сродни души и почнале да планираат заедничка иднина, брзо се вселиле заедно и таа е конечно вистински среќна.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не сум видела сонце 20 години“ – Јелена Розга (48) откри тајни за младоликиот изглед и што прави за... „Многу се негувам. Не сум легнала никогаш со шминка, колку и да сум изморена по ...
Ја запознал во автобус, по 30 години брак ја замени со друга - Како изгледа првата сопруга на Бајага... „Ема живееше во Земун и се запознавме во автобус во кој се возевме често двајцат...
Данијела Димитровска објави постари фотки со синот за роденден – покажа како се менувала низ годинит... „Денес славиме 12-ти роденден. Малку помалку прегратки, а повеќе разговори.Се тр...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Сопругот на Мирка Васиљевиќ, фудбалерот Вујадин Савиќ среде брутален скандал со неверство, избркан о... Некогашниот фудбалер Вујадин Савиќ и син на легендарниот Дуле Савиќ повеќе не е ...
Данијела Димитровска на тајната венчавка во фустан на Викторија Бекам – која го носи подобро? Фустанот чини 1.150 евра и е креација на Викторија Бекам која таа претходно ја н...

Најчитани неделава