Јелена Томашевиќ се сруши на бина, итно пренесена во болница - се огласи сопругот: „Не сакаше да го откаже концертот“

Јелена Томашевиќ го прекина концертот во Бар по една испеана песна, откако ѝ се слоши на бината пред преполната сала. Таа и нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ, од 7 до 10 март треба да одржат 4 концерти во Македонија.

jelena-tomashevikj-se-srushi-na-bina-itno-prenesena-vo-bolnica-se-oglasi-soprugot-ne-sakashe-da-go-otkazhe-koncertot-01.jpg

Јелена Томашевиќ, вчеравечер имаше концерт во Домот на културата во Бар, но по само една испеана песна, таа се срушила на бината.

Концертот веднаш бил прекинат, а пејачката ја пренеле во болница, пишуваат српските медиуми.

Според нив, Јелена само што почнала да ја пее втората песна, кога клекнала на колена пред салата која била полна до последното место. По ова кон неа притрчале членови од бендот и ја однеле зад сцената.

Оттаму, таа е пренесена во болница, а организаторите ја известиле публиката дека концертот ќе мора да се откаже поради нејзиното нарушеното здравје.

jelena-tomashevikj-se-srushi-na-bina-itno-prenesena-vo-bolnica-se-oglasi-soprugot-ne-sakashe-da-go-otkazhe-koncertot-02.jpg

Брзо по ова, општина Бар излезе со соопштение за нејзиното здравје, велејќи дека таа се чувствува добро.

Тие на Инстаграм, објавија фотографија од Јелена, па напишаа:

„Општина Бар ја информира јавноста дека пејачката Јелена Томашевиќ, чиј концерт претходно беше прекинат поради здравствени проблеми, се чувствува добро по добивањето медицинска помош.

За време на настапот ѝ се слошило на сцената, по што медицинскиот тим брзо реагирал и ѝ ја пружил потребната помош.

Според информациите од нејзиниот тим, здравствената состојба на Јелена сега е стабилна.

Сакаме да им се заблагодариме на одделот за итна медицинска помош во Бар за нивната брза и професионална реакција, како и на лекарите кои се нашле во публиката и веднаш дошле на помош.

Посебна благодарност до публиката за нивното разбирање и смиреност“.

Брзо по ова, се огласи и сопругот на Јелена, актерот и музичар Иван Босиљчиќ.

Тој преку Инстаграм Стори (кое го сподели и Јелена), им се заблагодари на сите што му пишале да го прашаат за нејзиното здравје.

„Ви благодарам на сите на грижата и бројните пораки во знак на поддршка.

Во деновите кои му претходеа на концертот, Јелена имаше вирус и блага малаксаност. Но, водена од големата почит кон публиката и желбата да го одржи договорениот настап, реши да излезе на сцената.

За жал, поради здравствената состојба не била во можност да го заврши концертот.

Најважно е дека Јелена сега се чувствува добро и се радува на следната средба“, напиша тој, а се заблагодари и на медицинскиот персонал за брзата реакција и на сите кои ѝ помогнале на Томашевиќ.

jelena-tomashevikj-se-srushi-na-bina-itno-prenesena-vo-bolnica-se-oglasi-soprugot-ne-sakashe-da-go-otkazhe-koncertot-03.jpg

За потсетување, брачниот пар првпат закажа концертна турнеја на која ќе пеат двајцата заедно.

Како дел од турнејата се и 4 концерти во земјава на почетокот на март - 7 и 8 во Скопје, а 9 и 10 март во Битола.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семе... „Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромисл...
Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција среде ноќ + Сите нејзини пријави за насилство к... Јелена Карлеуша го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради упад во вилат...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава