Српскиот тајкун Жељко Митровиќ се фали со парите - со ќерките и сопругата со приватен џет во Париз слават роденден
- Детали
- среда, 04 март 2026
Жељко Митровиќ сними чудно видео како скока и танцува на раскошниот роденден на ќерка си Андреа во Париз. Неговата друга ќерка Кристина, пак, позираше додека тој спие зад неа во приватниот џет.

Српскиот тајкун Жељко Митровиќ, сопственик на телевизија „Пинк“, е на патување во Париз со сопругата и двете ќерки.
Фотографија од 2025-та од целото семејство
Неговата ќерка Кристина објави фотографија од патувањето со приватен џет дотаму, каде се жали дека татко ѝ во позадина ѝ спие.

Кристина Митровиќ напиша:
„Ве молам игнорирајте го татко ми кој спие во позадина“.


Инаку, другата ќерка на Жељко, Андреа, на 2-ри март во Париз го прослави својот 25-ти роденден со најблиските и партнерот.

Нејзината мајка Милица објави фотографија од дечкото на Андреа, кој позира заедно со неа и уште еден човек.


Инаку, потенцијалниот иден зет на Милица и Жељко е доктор по професија, а медицина дипломирал во Белград.

