Српскиот тајкун Жељко Митровиќ се фали со парите - со ќерките и сопругата со приватен џет во Париз слават роденден
Милица јавно ѝ го честиташе роденденот на ќерката Андреа и напиша:
„Среќичке моја, полниш 25 години. Четврт век како моето срце го направи поголемо, отколку што некогаш мислев дека може да биде.
Ти не си само моја ќерка. Ти си мојата најголема животна титула.
Мојата храброст. Мојата слабост. Мојата гордост.

25 години како дишам поинаку. 25 години како се грижам поинаку. Како сакам на начин за кој не знаев дека постои.
Растеше пред моите очи. Секоја твоја солза ме болеше мене. Секоја твоја насмевка ме лекуваше мене.
Секој твој успех беше поголем од мојот сопствен.
За мене секогаш ќе бидеш онаа мала прегратка што ми го промени животот. Оној поглед во кој ја видов смислата на сè.
Ако некогаш се посомневаш во себе, сети се на мене. А јас те учев да бидеш силна, да сакаш искрено и никогаш да не прифаќаш помалку од она што го заслужуваш.
Ти благодарам што постоиш. Ти благодарам што си моја. Моето срце. Мојата сила. Мојата смисла.
Те сакам повеќе отколку што зборовите можат да издржат. Те сака твојата кралица“.
Инаку, Жељко на Инстаграм сподели интересно видео на кое е уловен моментот како поминува покрај светски познатата дизајнерка Стела Меккартни.
Тој влегува во еден од најпознатите хотели во светот „Ritz Paris“, каде што се упатила и славната дизајнерка.
Митровиќ оди пред неа, но кавалерски застанува за да ја пушти Стела да влезе прва.
„Стела Мекартни како да ме следи, јас стигнав прв во Ritz во Париз, но џентлменски ја пуштив да влезе прва“, напиша тој.
Кликнете и на видеото од Жељко Митровиќ, во описот на кое се жали дека модната дизајнерка Стела Меккартни „го следи“:
Жељко со хит видео како ѝ слави роденден на ќерката Андреа:
С. С. | Црнобело
