По разводот кога бившиот сакаше да ѝ ги земе децата, Тања Савиќ (40) пронајде љубов - му прослави 30-ти роденден на саканиот
- Детали
- четврток, 05 март 2026
По скандалите со бившиот сопруг Душан и крајот на бракот од 11 години во 2022-ра година, Тања денес е среќна мајка на 2 сина тинејџери и е вљубена во 10 години помлад пилот.

Пејачката Тања Савиќ и нејзиниот долгогодишен партнер Мухамед Мухи Бесиќ го прославија неговиот јубилеен 30-ти роденден.

Парот е свршен, а Мухамед е пилот од Босна и Херцеговина, кој на својот Инстаграм профил има повеќе од 11.000 следбеници со кои споделува како изгледаат неговите работни денови, но и што му е страст и хоби.
Тој јава коњи, обожава јахти, добри автомобили и пури.
Сепак, регионалната јавност за него дозна откако стапи во врска со српската пејачка Тања Савиќ (40), која е една деценија постара од него.
Иако многумина очекуваа голема и гламурозна роденденска прослава, славеникот одлучил овој важен датум да го одбележи интимно.

Роденденската забава била организирана во Босна и Херцеговина, во тесен круг на роднини, пријатели и соработници.

Вљубениот пар не ја крие среќата, Муки цело време ја бакнува својата избраничка, а Тања на Инстаграм напиша: „Среќен роденден, љубов моја“.

Ваквите романтични моменти повторно ги разгореа приказните за нивната свадба.
Тања претходно зборуваше како ја замислува веселбата, признавајќи дека списокот на гости лесно би излегол од контрола.

Парот, според српските медиуми, се свршил во 2023-та година.
„За свадбата би почнала со 70 луѓе, а на крај би имало 1.000 гости. Би пееле сите добри како Злата Петровиќ и Илда Шаулиќ, а би го поканила и Десингерица“, откри пејачката.

