Лука Дончиќ потврди дека ја раскинал свршувачката, ќерките ги нема видено со месеци: „Ќе се борам за моите деца“
- Детали
- среда, 11 март 2026
„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и правам сè што можам тие да се со мене во САД. Неодамна донесов тешка одлука да ја прекинам свршувачката“, изјави Дончиќ и потврди дека веќе не е во врска со жената што ја сакаше од свои 12 години.

Словенечкиот кошаркар и ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, потврди дека се разделил со својата свршеница Анамарија Голтес, со која требаше да прави свадба ова лето.
Тој за ESPN потврди дека веќе не е со девојката која ја засака на свои 12 години, а со која беше свршен од 2023 година и има две ќерки.

Според ESPN, кој се повикува на извори блиски до кошаркарот, Дончиќ во моментов води правна битка за старателство над нивните две ќерки.
„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и правам сè што можам тие да бидат со мене во САД за време на сезоната, но тоа не беше можно, па неодамна донесов тешка одлука да ја прекинам свршувачката.
Сè што правам е за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им овозможам најдобар живот што можам“, рекол Лука.

Претходно TMZ објави дека Голтес поднела судско барање за издршка за децата, но и покривање адвокатски трошоци од страна на Дончиќ.
Според нив, барањето е поднесено во Калифорнија, што е чудно, зашто постарата ќерка на Дончиќ била со него во таа држава само три месеци минатата пролет, а другата, која се роди во Словенија во декември 2025, никогаш не била таму.

Дончиќ лани во август потпиша тригодишно продолжување на договорот со Лејкесри, вредно 165 милиони долари. Тој отсекогаш финансиски се грижел за своето семејство и ги покрива трошоците за своите ќерки.
Дека Лука и неговата свршеница не се во добри односи почна да се шпекулира пред околу 1 месец - прво со коментари дека ја изневерил Анамарија со српската пејачка Бресквица, потоа и дека парот не објавил заеднички фотки за Валентајн на социјалните мрежи.

