Лука Дончиќ потврди дека ја раскинал свршувачката, ќерките ги нема видено со месеци: „Ќе се борам за моите деца“
Шпекулациите продолжија кога Голтес ги избриша сите фотки со саканиот од својот Инстаграм профил.
Тогаш почнаа да кружат и гласините дека Лука ја изневерил свршеницата со актерката Меделин Клај.

За потсетување, Дончиќ (27) ја запроси Голтес (28), во јули 2023 година и требаа да прават свадба во Словенија овој јули.
Нивната прва ќерка, Габриела, се роди во ноември 2023 година во САД, а помалата ќерка Оливија се роди во декември 2025 во Словенија.

Поради раѓањето на ќерката, Лука пропушти 2 натпревари на Лејкерси.
Според непотврдени информации, кои ги пренесува ESPN, за време на престојот, Дончиќ изразил желба да ја земе Габриела со себе во САД, но тоа довело до несогласување со неговата тогашна свршеница, па таа повикала полиција откако Дончиќ ја напуштил болницата.

Полицијата во породилиштето во Крањ разговарала со Голтес, а Дончиќ потоа бил испрашан во својот дом.
ESPN тврди дека го има полицискиот извештај, во кој стои дека „полицајците не утврдиле никакви елементи на кривично дело или прекршок од страна на Дончиќ“.

Дончиќ истиот ден се вратил во САД и оттогаш, тој не ги видел своите ќерки ниту Голтес.
На 26 февруари Дончиќ поднел барање до словенечките судови за итен контакт со ќерките.

Прочитајте и Која е глумицата заради која Лука Дончиќ наводно ја остави свршеницата, што ја сакаше од свои 12 години?
А. Ј. | Црнобело
