Марија Микиќ има нов дечко по разводот - адвокат од Белград, ѝ бил редовен гостин на настапите
- Детали
- среда, 11 март 2026
„Луѓе, како што тој го разбира мојот јавен професионален живот, така и јас го разбирам неговиот, кој не е јавен“, изјави Марија Микиќ за новиот дечко и ја потврди врската, плус откри која колешка пејачка ѝ помогнала во најтешкото.

Пејачката Марија Микиќ по разводот со саканиот Јован, со кој постојано јавно на Инстаграм споделуваа колку многу се сакаат, повторно е среќна во љубовта.

Таа во гостувањето во „Амиџи шоу“ потврди дека е вљубена и дека е во врска со еден адвокат, чиј идентитет засега не сака да го открие.

Пејачката истакна дека за неа е најважно меѓусебното разбирање и објасни зошто нивната врска не ја изложува јавно.
Марија вели дека го разбира приватниот карактер на работата на нејзиниот партнер, исто како што и тој го почитува нејзиниот јавен професионален живот.

„Луѓе, како што тој го разбира мојот јавен професионален живот, така и јас го разбирам неговиот, кој не е јавен“, изјави таа, додавајќи дека ќе се потруди нивната врска да остане далеку од очите на јавноста.
Kликнете на видеото каде зборува за него:
Според извори познати за српските медиуми, станува збор за познат белградски адвокат со иницијали С. Ј., кого Марија го познавала веќе со години.
Тие често се среќавале во одреден клуб каде што таа редовно настапува, а тој доаѓал таму со пријателите.

Иако се знаеле долго време, чувствата меѓу нив се појавиле дури пред неколку месеци.
По разводот од поранешниот сопруг Јован, Марија решила да си даде нова шанса за љубов и да продолжи понатаму.

Инаку, Марија во гостувањето искрено зборуваше и за своите колешки од јавната сцена.

