Стефан од Белград „издоминира“ со розови слип гаќички во Survivor - Оженет е за убавица од Шведска
- Детали
- четврток, 12 март 2026
Еден од највпечатливите (и најнаметливи) натпреварувачи во српско-хрватското издание на „Survivor 2026“ за себе вели: „Сакам ракија, Балканот ми е во срце, иако 5 години живеам во Шведска. Оженет сум со Швеѓанка и имам син“. Го гледате ли ова шоу и кој ви е фаворит?

Дали сте фан на шоуто Survivor? Aко е така сигурно веќе го следите актуелното српско-хрватско издание на ова шоу на телевизија „Нова“, каде повторно гледаме одлична забава, живот во џунгла во Доминикана и спортски предизвици со интересни полигони.

Еден од покомуникативните и наметливи играчи годинава е Стефан Остојиќ.
Стефан има смел пристап, а мислењата на фановите на шоуто за него се поделени.

Тој уште на самиот почеток од шоуто се издвои од останатите со впечатлив розов слип-костим за капење.


Тој работи како онлајн фитнес тренер и вели дека во последните 5 години успешно направил повеќе од 3.500 трансформации.
На Инстаграм има повеќе од 62.000 следбеници.

Живее во Шведска, каде има прекрасна сопруга Швеѓанка и син.
Тие се во брак една година, а веќе 7 години се заедно.

