„Изгубив половина срце“ - Дарко Лазиќ скршен по смртта на брат му (32), кој беше пејач, со прекрасна сопруга и 2 ќерки
- Детали
- четврток, 12 март 2026
„Како да изгубив дел од себе, сè ова многу тешко ми падна. Изгубив половина од себе, половина од своето срце. Немам сила ни зборови, ни солзи“, изјави Дарко Лазиќ по смртта на неговиот брат, кој беше музичар и семеен човек.

Братот на пејачот Дарко Лазиќ, Драган Лазиќ (32), исто така пејач, трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа додека возел мотоцикл во Србија.

Цела естрада се собра во семејниот дом на мајка му на Дарко за да му оддаде последна почит, а Дарко скршен, низ солзи, кратко изјави за српските медиуми:
„Ќе бидам многу краток, нема многу да зборувам, не знам ни што да ви кажам.
Како да изгубив дел од себе, сè ова многу тешко ми падна. Изгубив половина од себе, половина од своето срце. Немам сила ни зборови, ни солзи“.
фото: Скриншот од јутјуб видео
Инаку, непосредно пред несреќата, Драган го поминал денот со својот брат Дарко во еден локал во Шабац.
По дружењето, тој тргнал кон дома, но на патот дошло до трагичниот судир.

Според првичните информации во српските медиуми, несреќата се случила при обид за лево свртување. Драган се движел од правецот на Ваљево кон Шабац, додека патнички автомобил се движел од Шабац кон Ваљево.
Во моментот кога се обидел да сврти лево, неговиот мотоцикл удрил во десната страна од автомобил во движење.

Драган Лазиќ, исто како својот брат, бил талентиран музичар, но свесно избегнувал медиумско внимание и естраден живот.
Тој претпочитал помирен начин на живот и настапувал со својот бенд.