Трипати се омажи до 18-та година, не криеше дека е љубовница на женети мажи - Животот на пејачката Злата Петровиќ
- Детали
- недела, 22 март 2026
Злата Петровиќ првпат се омажила под присила на 14 години. Кога Саша Поповиќ ја запросил му рекла „не“, а се разведуваше дури четирипати.

Пејачката Злата Петровиќ (63) пораснала во скромно семејство во с. Грабовац во Србија.
Но, со текот на годините, таа го доби епитетот на „најпознатата љубовница“ на српската естрада, со 4 пропаднати брака зад себе.
Пејачката Злата Петровиќ имала среќно детство во селото Грабовац близу Обреновац и покрај тоа што живеела со мајка коцкар и очув.
Биолошкиот татко, пак, го запознала кога наполнила 20 години, но со него потоа немала контакт.
За своето детство, своевремено Злата изјави:
„Не можам да кажам дека немавме пари, бидејќи мајка ми пееше, а очувот свиреше, но се случуваше еден ден да имаме вреќа со пари, а следниот ден да немаме што да јадеме.
За жал, мајката се коцкаше. Велат дека најинтелигентните луѓе обично се препуштаат на пороци, јас некако наоѓам утеха во тоа.
Таа беше најдобра во сè. Дома, на нива, во крчма... И беше неверојатно убава. Сето тоа ја правеше посебна, но имаше и склоност кон пороци“.
Кога влезе во тинејџерските години, под притисок на нејзините родители, Злата се омажи на 14 години за маж кого не го сакаше.
Веќе на 16 години тргна по стапките на својата мајка, па и самата стана пејачка - почна да пее во барови.
Во тоа време открива дека е бремена и решава да абортира.
„Бев во четвртиот месец, стомакот ми веќе почна да расте. По десет дена убедување, успеав да ја убедам мајка ми да абортирам.
Нека ми прости Бог, тоа е мојот најголем грев што го носам со децении.
Но, никој не сакаше да изврши киретажа бидејќи детето веќе беше живо во мојот стомак.
