Саша Поповиќ сакал да ја исфрли Александра Пријовиќ од „Гранд“: „Ќе ѝ ја уништеше кариерата од инат“
По пробата, Саша Поповиќ ми доаѓа и ми вели: ‘Мишо, бидејќи ти си главен тука, не можеш да ја пуштиш оваа Пријовиќ во следната рунда’.
Кога го прашав зошто, тој рече дека таа пее подобро од сите други, но дека ѝ се налутил, зашто му признала дека пеела цела ноќ.
Саша ѝ кажал дека ако веќе добила шанса за голема кариера требала да ја искористи и дека не треба да оди да пее во барови.

Во однос на тоа, до одреден степен Саша беше во право. Но, тогаш таа беше дете. Го оставив Саша малку да се смири.
Тој и понатаму инсистираше да ја избркаме. Од инает ќе ѝ ја уништеше кариерата уште на почеток.
Му реков дека ние ќе ѝ помогнеме. Тој пат не ѝ ги дадовме сите дванаесетки, но се погриживме да помине понатаму.

Александра го помина тој круг и потоа ги запомни работите што ѝ ги кажа Саша.
Сега понекогаш се среќаваме и таа ни е благодарна на мене и на Стева што ја одбранивме.
Подоцна, таа постигна голем успех со една од песните на Стева, таа ѝ беше отскочна штица - Od istoka do zapada.

По оваа песна се случи пресвртница.
Потоа, сите песни ѝ беа добри, но не мислам дека би било исто без оваа, некако сè експлодираше.
Тоа беше навистина момент што никој не го очекуваше, дури ни самата“, рекол Миша Мијатовиќ.

А. Ј. | Црнобело
