Тања Савиќ со дечкото грицка пуканки на концерт, фановите критикуваат: „Можела и сендвич да си земе“ (видео)

„Можела и сендвич да си понесе“, „Пуканки се јадат во кино на филм...“, „Баш некултурно“ - гласат дел од коментарите, откако се прошири видео на кое свршеникот на Тања Савиќ купува пуканки за на концерт, а потоа таа грицка од публика, додека го следи настапот на колешката Сузана. 

tanja-savikj-so-dechkoto-gricka-pukanki-na-koncert-fanovite-kritikuvaat-mozhela-i-sendvich-da-si-zeme-video-01.jpg

Пејачката Снежана Ѓуришиќ одржа два концерти во Белград, а првата вечер специјална гостинка ѝ беше Тања Савиќ, која на сцената се појави во елегантна бела тоалета и отпеа неколку хитови.

Втората вечер пак, Тања ја поддржа својата колешка од публика, а на концертот пристигна заедно со својот свршеник Мухамед Муки Бешиќ.

Српските медиуми веднаш го уловија парот, кој доцнеше повеќе од еден час, а она што ги изненади сите беше кога видоа како нејзиниот партнер се одвојува од неа и си купува пуканки пред да влезат во салата.

За вториот концерт кој го следеше како гостинка, Тања се одлучила за полежерен аутфит, фармерки со црвена блуза, искомбинирана со сако и бели патики.

tanja-savikj-so-dechkoto-gricka-pukanki-na-koncert-fanovite-kritikuvaat-mozhela-i-sendvich-da-si-zeme-video-01_1.jpgфото: принтскрин YouTube

Подоцна двајцата беа забележани во ложа во публика, како грицкаат пуканки за време на концертот, па се соочија со критики и смешни коментари на социјалните мрежи.

„Можела и сендвич да си понесе“, „Пуканки се јадат во кино на филм...“, „Баш некултурно“ - гласат дел од коментарите, но има и такви кои ја оправдуваат и велат дека нема ништо страшно во тоа што јаде пуканки на концерт. 

Погледнете го видеото:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...

Најчитани неделава