Драгана Мирковиќ на турнеја и уживање во Лас Вегас со македонскиот рокер - вози бесни автомобили, ужива по разводот
- Детали
- вторник, 07 април 2026
„Месец дена бев на турнеја во Америка со легендарната Драгана Мирковиќ и, искрено, тоа искуство ќе го паметам цел живот...“, вели Александар Јосифовски од Охрид за Драгана, кој се разведе од сопругата Македонка по 8 години брак и сега очекува принова со новата љубов Ана Павиќ од Србија.

Пејачката Драгана Мирковиќ беше на турнеја низ САД, а покрај Њујорк, дестинација што ѝ остави најсилен впечаток е Лас Вегас.
Според коментарите на социјалните мрежи таа таму направила забава за паметење, а дел од нејзините настапи е и нашиот Александар Јосифовски.


Тој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а беше дури и придружба на Лепа Брена за време на турнејата во САД и имаше свој блок пред нејзиното излегување на сцената.
Александар на својот Инстаграм профил откри:
„Месец дена бев на турнеја во Америка со легендарната Драгана Мирковиќ и, искрено, тоа искуство ќе го паметам цел живот.
Покрај тоа што е огромна ѕвезда, Драгана е неверојатно фина, приземна и топла личност.
Секогаш насмеана, со почит кон сите околу неа и со енергија што ја пренесува и на сцена и надвор од неа“.
Инаку, Драгана на социјалните мрежи сподели низа фотографии од Мајами.

Од возење на бесни автомобили до уживање во интересни локали, Драгана очигледно работата ја споила со задоволство.
Драгана на Инстаграм сподели:
„Велат: што ќе се случи во Лас Вегас, останува во Лас Вегас. Но, тоа за нас не важи. Јас сè споделувам со вас...“

Инаку, во 2025-та година Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ ставија крај на својот брак.

Пејачката и бизнисменот ставија точка по 26 години, по иницијатива на Тони.

Нивниот развод, за кој се пишуваше дека е милионски и дека парот требало да подели пари и имот вредни околу 100 милиони евра, се финализираше за една година, откако започна судската постапка.

