Александар Јосифовски ќе стане татко - Неговата сакана Ана од Србија го покажа трудничкото стомаче
- Детали
- петок, 07 ноември 2025
Александар Јосифовски вчера славеше роденден, но направи и забава за откривање на полот на бебето кое го чека со саканата Ана Павиќ. Поради аутфитот на парот - таа во бел сатенски фустан, а тој во класични панталони со кошула, коментираат дека Александар и Ана истовремено и се венчале.

Рок-пејачот Александар Јосифовски, наскоро ќе стане татко. На денот на својот роденден (06.11), тој објави не роденденска фотографија, туку фотка на која со својата сакана, Србинката Ана, прават забава за откривање на полот на бебето што го чекаат.
„Девојче е!“ - напиша Јосифовски на објавата, а тој и Ана добија бројни честитки.
На фотографијата се гледа трудничкото стомаче на Ана, која носи бел сатенски фустан со тантела, налик на венчаница.
Јосифовски, пак, е облечен во бела кошула и класични панталони, што не е негов стил, поради што има и коментари дека парот се венчал.

Пејачот, кој се стекна со балканска популарност преку шоуто „Ѕвездите на Гранд“, каде што заврши на второто место, пролетта ја изненади јавноста со изјавата дека веќе не е во брак со сопругата Теодора.
Брзо потоа почна да споделува фотографии со нова девојка.

Тогаш за CRNOBELO.com потврди дека е вљубен, а дека неговата избраничка е Ана Павиќ од Србија.
„Разводот беше тежок момент, но потребен.
Сега сум во врска со прекрасна жена - силна, самосвесна и успешна во својата кариера.
Секој ден учиме еден од друг - таа ме учи на трпение и нежност, а јас ја внесувам во светот на музиката, полн со ритам, емоции и искреност“, ни кажа тогаш Јосифовски.

Прочитајте и По разводот, Александар Јосифовски има нова љубов: „Ана ме учи на нежност и трпение“
А. Ј. | Црнобело