Утре се мажи Мелина Џиновиќ со милионерот од Монако - Кумата тргна натаму, гостите ќе доаѓаат со јахти и хеликоптери
Инаку, Мелина ќе каже „да“ во зградата на општината, позната како Mairie de Monaco, каде што ќе се одржи граѓанската венчавка, а амбиентот остава без здив.
Импозантниот надворешен изглед на зградата во класичен стил веднаш најавува луксуз, пишуваат српските медиуми.

Беж фасадата со бели украси делува елегантно, а внатрешноста открива раскошно скалило, мермерни подови во бели и сиви тонови и златни детали.
Особено внимание привлекуваат историските слики, што ја нагласува поврзаноста со владетелите на Монако.

Мелина и милионерот ќе се заколнат на вечна љубов, а се очекуваат околу 100 гости од целиот свет. Нејзиното семејство веќе пристигнало, меѓу кои и ќерката Џина.
Сè е подготвено за свеченоста.
На свадбата порано пристигнале и најблиските на Мелина – мајката, таткото и братот. Мајката Елма Галиќ наводно споделила на социјалните мрежи подарок за ќерката – букет цвеќе и ќесе со злато.

Според српските медиуми, на нејзината свадба ќе настапува познатата група Џипси Кингс, инаку омилен бенд на нејзиниот поранешен сопруг Харис Џиновиќ. Своевремено Харис имал и соработка со групата, од нив добил авторски права да го пее нивниот хит „Bamboleo“.
Харис пред многу години имал можност сосема случајно да го запознае и таткото на еден од членовите на групата. Средбата се случила во еден локал во Барселона, каде што Џиновиќ бил со пријател.
Во еден момент го понела атмосферата, па ја запеал „Зајди, зајди“, што го воодушевило постариот господин, за кој подоцна се испоставило дека е татко на еден од членовите на славната група.
Мелина Галиќ од бракот со музичката ѕвезда Харис Џиновиќ има две деца, ќерка Џина и синот Кан.
И додека ќерката Џина ќе биде покрај мајката и ќе присуствува на нејзиниот голем ден, синот Кан нема да се појави на свадбената церемонија.

Според информациите во српските медиуми, Кан по разводот на родителите останал значително поблизок со таткото, поради што односите со мајката со текот на времето дополнително се оддалечиле, па затоа не бил ни поканет.
Харис Џиновиќ за бившата Мелина: „Не можам да ја наречам дама, премногу ѝ давав слобода, ѝ здосадив“
С. С. | Црнобело