Данијела Димитровска низ солзи: „Еден ден се разбудив и сфатив дека немам денар во џебот – имав одговорност кон синот да преземам нешто“
- Детали
- недела, 26 април 2026
„Морам да ве вратам неколку години наназад и да ви кажам дека едно утро само се разбудив и сфатив дека немам денар во џебот. Таков страв не сум почувствувала никогаш во животот. Имав голема одговорност пред сè кон своето дете. Сè на што се сеќавам од тој период е празен паричник. Од тој момент – сè се менува“ – вели низ солзи Данијела Димитровска.

Данијела Димитровска соопшти голема вест, односно бизнис модна соработка, помеѓу неа и турскиот бренд за чевли LOIE, со кој ја лансираше својата прва колекција на обувки.
Таа создаде три модели на чевли кои вели дека ѝ се потребни на секоја жена – салонки, папучи на штикла и мокасини (loafers).

Данијела ја објави веста со видео, во кое емотивно се отвори и раскажа накратко како всушност стигнала до оваа идеја.
Поранешната манекенка раскажува за период во кој била без денар во џебот, а одговорноста кон синот, веројатно во периодот по разводот од Огњен Амиџиќ, ја натерала да преземе некаков чекор.

Во видеото таа со кршлив глас и солзи вели:
„Денес ја претставувам својата колекција на чевли за којашто сонував.
Но морам да ве вратам неколку години наназад и да ви кажам дека едно утро само се разбудив и сфатив дека немам денар во џебот. Ама буквално немам денар во џебот.
Таков страв не сум почувствувала никогаш во животот. Имав голема одговорност пред сè кон своето дете. Сè на што се сеќавам од тој период е празен паричник.

Од тој момент – сè се менува. Одиш напред, одиш понатаму. Мисли на Матија.
И кога ви се чини дека не постои светло на крајот на тунелот, тоа е некаде тука и сигурно ќе го видите во некој момент.
Само бидете храбри и навистина е најтежок тој прв чекор. Но кога ќе го направите, запамтете, сè е веднаш полесно.

И понатаму се сеќавам на тој празен паричник и ќе се сеќавам до крајот на својот живот, затоа што тој беше клучниот чекор кој требаше да го направам.
И верувале или не, пак ќе се расплачам, и понатаму во чантата чувам еден паричник празен“.

Погледнете го видеото:
Во описот на објавата таа вели дека уште не знае како стигнала до моментот да претстави своја колекција, но дека на истата работела долго.
Идејата била да создаде нешто што жените ќе го носат секој ден, без да размислуваат премногу и да им биде удобно со секој чекор.
„Се водевме од тоа чувство. Како стојат, како се носат, како се оди во нив. Тргнав од себе и од тоа што секогаш ми недостигаше.
Добра салонка. Папуча која можеш да ја носиш секој ден.
И loafers. Три пара на кои можеш да се потпреш“ – вели Данијела.
М. М. | Црнобело