Емина Јаховиќ се жали за семејните случки по разводот, новата сопруга на Мустафа Сандал блеска (фото)
Кога отидов во Истанбул, ја оставив кариерата – беше тешко, бев во туѓ свет, иако луѓето беа добри кон мене.
Толку бев вљубена што заминав без размислување“.

На тема финансии, Емина вели:
„Никогаш не сум имала партнер што заработувал помалку од мене. Мустафа секогаш заработуваше повеќе, но имавме и заеднички проекти.
Не ми треба маж за да ми даде нешто, туку за да се чувствувам сигурно емотивно.

Моите родители делеа сè. Заедница значи заедно да се заработува и троши.
Природно ми е мажот повеќе да заработува (ха-ха).
Во домот ние, жените, сме генератори, мажот треба да нè следи.
Да бидеш домаќинка е најтешката работа. За време на короната сфатив колку е тоа напорно – готвење, чистење, грижа за деца. Тоа не е понижувачка работа, туку вредна за почит“.

Таа проговори и за односот со поранешната свекрва, мајката на Мустафа:
„На почетокот беше тешко, дури катастрофа. Но, подоцна станавме добри пријателки, таа е одлична баба“.
И покрај годините поминати во Турција, Емина вели дека таму не се чувствува како дома:
„Подобро се чувствувам во Србија. Таму се чувствувам како странец, иако децата ми се Турци.
Јаман зборува српски, а Јавуз одбива – можеби од љубомора“.

По разводот, морала да го смени пристапот кон воспитувањето:
„Инаку, Мустафа беше „лош полицаец“, а јас „добар“ додека бевме во брак. Кога останав сама, бев беспомошна.
Почнав да бидам построга за да воспоставам авторитет, а нив не им беше јасно што се случило со мајка им“.
Инаку, Мустафа Сандал стапи во брак по вторпат на 3 јуни 2022 година.
Неговата втора сопруга е Мелис Сутшуруп. Тие прво направија граѓанска церемонија во Рим, а подоцна организираа и свадбена прослава во Истанбул.

Убавата русокоса од претходна врска има еден син, а на новите фотографии на Инстаграм буквално блеска.
