Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“
Јас сум четврта генерација Белграѓанка.
Според статистиката, јас сум српска јавна личност со најмногу насловни страници.
Според истражување од 2005 година, Србите повеќе ме мразат од некои политички личности.

Имам „страв“ од парни броеви.
Имам необично долги прсти на рацете и нозете.
Обожавам кромид и лук, како и праз.
Луѓето речиси никогаш не ме гледаат во очи.

Имав два царски реза за една година и двата пати се породив во ист ден и час.
Речиси нема весник што не сум го тужела поради навреди и невистини.

Омилена храна ми е суши.
Крвната група ми е 0 негативна.
Цел живот сонувам како летам и дишам под вода.

Имам сериозна девијација на носната преграда.
Омилен филм ми е „The Color Purple“.
Имам четири кучиња.
Инаку, Јелена Карлеуша вели дека приватно е многу повлечена личност и дека не сака да излегува, дури и во една пригода се нарече себеси „шоубизнис измама“.

„Отсекогаш имав јасна визија за својот пат. Секој чекор ми беше кристално јасен. Во желбите бев некаде помеѓу Мадона и Лепа Брена. Но, секогаш ја имав таа доза на ексцентричност.
Ниту Мадона, ниту Лепа Брена не би го правеле тоа што јас сакав да го правам тогаш. Јас всушност сум шоубизнис измама.

Сето она што луѓето го мислат за мене, всушност не е така.
Со тек на време научив дека омразата во оваа професија е нешто „нормално“, иако тоа не е нормално.
Во оваа работа мораш толку да се промениш што на навреда ќе одговориш со „полека, смири се“.
С. С. | Црнобело