Двапати преживеа клиничка смрт, син ѝ прегази 3 жени - Трагичната животна приказна на Ханка Палдум

Но, пејачката се вљуби и вторпат, овој пат во Фуад Хамзиќ, па се омажи и за него.

Овој брак траеше седум години, а иницијатор за разводот повторно била пејачката.

Таа изјави дека сфатила дека нејзиниот сопруг „не ѝ покажува почит, ниту е лојален“.

dvapati-prezhivea-klinichka-smrt-sin-i-pregazi-3-zheni-tragichnata-zhivotna-prikazna-na-hanka-paldum-07_copy.jpg

Ханка имаше уште една голема љубов, белградскиот фудбалски тренер Миладин Живадиновиќ, кој ја придружуваше на концерти.

На едно нивно патување во Кувајт, тој ја побарал за сопруга, но таа одбила да се омажи за него, па тоа е причината за нивната разделба.

dvapati-prezhivea-klinichka-smrt-sin-i-pregazi-3-zheni-tragichnata-zhivotna-prikazna-na-hanka-paldum-12.jpg

Трагедиите во животот на пејачката се поврзани во голема мера и со нејзиниот син.

Во 2005 година, Мирзад беше претепан во Сараево. Неколку години подоцна, тој беше застрелан, но преживеа.

Мирзад повторно се најде во центарот на вниманието во 2014 година кога беше уапсен за носење пиштол и поседување хероин.

Како мајка, Ханка му ги прости грешките на својот син, оправдувајќи го со тоа дека е дел од „генерацијата врз која војната остави силни последици“.

dvapati-prezhivea-klinichka-smrt-sin-i-pregazi-3-zheni-tragichnata-zhivotna-prikazna-na-hanka-paldum-05.jpg

Но, дури кога во сообраќајна несреќа во Германија, Мирзад удрил во пешак, Ханка наводно одлучила да го избрка од дома и да престане да му помага за конечно да се освести.

Во тоа време се шпекулираше дека таа платила отштета на семејството на жртвата, а дека го однела својот син „на безбедно“.

Но, со Мирзад повторно имаше проблеми, кога тој со автомобил „покосил“ 3 жени што стоеле на автобуска станица. Две од нив биле тешко повредени, а во моментот на несреќата тој наводно бил под дејство на нелегални супстанции.

dvapati-prezhivea-klinichka-smrt-sin-i-pregazi-3-zheni-tragichnata-zhivotna-prikazna-na-hanka-paldum-06.jpg

Мирзад беше уапсен и во Неум во 2021 година за злоставување девојка (26) и принудување на интимни односи.

Последниот во низата инциденти во кои се споменува тој е во 2025 година, кога учествуваше во инцидент во Казнено-поправниот дом Зеница.

Во бруталната тепачка, еден затворски полицаец и друг затвореник биле повредени, а Мирзад, според изворите на медиумите, физички го нападнал затвореникот.

Сепак, Ханка сè уште го брани својот син, тврдејќи дека многумина се неправедни кон него само затоа што неговата мајка е јавна личност.

dvapati-prezhivea-klinichka-smrt-sin-i-pregazi-3-zheni-tragichnata-zhivotna-prikazna-na-hanka-paldum-11.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...

Најчитани неделава