Двапати преживеа клиничка смрт, син ѝ прегази 3 жени - Трагичната животна приказна на Ханка Палдум
- Детали
- недела, 03 мај 2026
„Имав многу тешки породувања, и за време на двете доживеав клиничка смрт. Породувањето со Мирзад беше потешко бидејќи сум била мртва неколку минути, за што не сакам ни да се сетам“, рекла пејачката која поради проблематичниот син преживеа многу трауми.

Ханка Палдум (70), од својата рана младост важеше за фатална жена.
Оваа босанска пејачка, секогаш насмеана во јавноста, зад себе има тежок живот, обележан со многу трагедии, разводи, болести, скандали со синот...
Од сите трагедии кои ги преживеала Ханка Палдум, ниедна не ја погодила толку силно како смртта на нејзиниот брат Смаил во 2007 година, кој починал по битка со ракот на белите дробови.
Таа самата неколкупати нагласила дека Смаил е „главен виновник“ за нејзините музички почетоци, но и најголема поддршка додека чекорела по патот на славата и успехот, па тешко се справила со неговата смрт.

Кои други трагедии ги преживеа пејачката?
Ханка своевремено важела за една од најубавите и најмузикални девојки во Сараево, која имала многу додворувачи.
Но, таа не сакала да им даде шанса на сите.
Била средношколка кога со својот шарм ја освоил музичкиот продуцент Мурадиф Бркиќ. Имал добри манири, а таа за брзо време се вљубила во него.

Во тоа време Мурадиф бил студент по литература и на почетокот се гледале само додека тој ја испраќал на пат кон нејзиното училиште.
Во 1976 година, тие се венчаа во босанскиот град Дувно, од каде што потекнувал Мурадиф.
Во бракот таа ја роди ќерката Минела, а потоа и синот Мирзад.
За време на двете породувања, таа доживеала клиничка смрт.

„Имав многу тешки породувања, и за време на двете доживеав клиничка смрт поради здравствени компликации.
Породувањето со Мирзад беше уште потешко бидејќи сум била мртва неколку минути, за што не сакам ни да се сетам.
Мајчинството го доживеав како природна секвенца на нештата во мојот животот и секогаш се сметав себеси првенствено за жена и мајка, дури потоа за уметник“, кажа Ханка во една пригода.

Од првиот сопруг се разведе по 13 години брак, Ханка тогаш изјави дека веќе ја нема поддршката што ја имала од својот сопруг.
„На мажите не треба да им се дава моќ и слава затоа што се лабилни и привлечени од општеството и баровите“, рекла таа по разводот.
Мурадиф, почина во 2024 година како последица на мозочен удар.
