Гласини дека албански актер му е татко, на 18 години бил погоден со куршум во стомак - Животот на Реља Поповиќ
- Детали
- недела, 24 мај 2026
„Кога ја видов мајка ми во болничката соба, имав впечаток дека остарела десет години за три дена. Иако реално не бев виновен за ништо, тоа многу ме погоди. Оттогаш, па сè до нејзината смрт во 2017 година, никогаш повеќе не ја насекирав. Бев добар син“, раскажал Реља Поповиќ, за операцијата по која лекарите не знаеле дали ќе преживее.

Српскиот пејач и рапер, Реља Поповиќ, се прослави со музичкото дуо „Елитни одреди“, но денес има многу успешна соло кариера, а публиката го обожава и поради песните и поради енергијата на сцената.
Реља истовремено се вклучи и во неколку филмски проекти, па многумина го препознаваат и како одличен актер.
Веќе 11 години тој е во емотивна врска со пејачката Николија Јовановиќ (ќерка на Весна Змијанац), со која не е во брак, но има две ќерки, Реа и Хана.

Парот ги штити децата од јавноста и од сето она што го носи нивната работа - медиуми, експонирање, коментари, особено во моментите кога во медиумите се проширија гласини дека парот се разделил поради неверство (но брзо потоа ги демантираа овие шпекулации).
Реља денес е остварен татко и уметник, но неговиот живот, особено во детството, поминал низ тежок период, смртта на татко му и трауматски животни ситуации.

Музичарот ретко зборува за своите родители, полубратот и растењето, но неодамна во интервју се присети на загубата на својот татко, кој починал кога тој имал само една и пол година.
„Мајка ми во еден момент ми кажа дека на погребот на таткото на еден мој пријател, сум ја прашал кому му е потешко - нему што го загубил татко му на 14 години, или мене, кој сум останал без татко додека сум бил практично бебе.
Тешко е да се одговори на тоа прашање. Дали е некогаш лесно да се преболи смртта на некој што ти значи нешто во живото?
Секако дека би сакал да можев да го запомнам татко ми. Тоа е рана што ја носам целиот свој живот“, рекол Реља.
