Гласини дека албански актер му е татко, на 18 години бил погоден со куршум во стомак - Животот на Реља Поповиќ
Неговата мајка, Зоја Беголи, беше една од најпознатите балерини во Народниот театар во Белград и клучна фигура во неговото воспитување.
Тој вели дека таа била многу пожртвувана во времето кога им било најтешко.
„Мајка ми беше неверојатна жена. Дури и во лудите времиња на инфлација, иако имаше мала плата, наоѓаше начин за мене и на Миша да не ни недостасува ништо.
Можеби не можев да добијам патики какви што ги носеа некои други деца, но секогаш имаше љубов во нашиот дом.
Од оваа перспектива, знам дека без разлика колку и да ни недостасуваше нешто, ништо не ни недостасуваше“.

Но, во еден момент тој морал да се носи и со лагите што за него ги пишуваа некои медиуми - дека тој е син на албанскиот актер Фарук Беголи.
„Кога почина мајка ми, новинарите пишуваа дека Фарук Беголи ми е татко и измислуваа приказни дека сакам да го сокријам моето албанско потекло, што е лудо.
Ги делам луѓето на добри и лоши, а не по националност“, рекол тој.

Неговиот биолошки татко, пак, Срѓан Поповиќ, бил спортски новинар.
„Голем дел од својот живот го поминал во „Вечерње новости“, каде што работел и мојот чичко, брат на мајка ми.
Тој бил голем навивач на „Партизан“, што јас не го знаев долго време, но имав голема љубов кон КК „Партизан“ уште од дете.
Патем, последната ноќ пред смртта ја поминал дружејќи се со фудбалерите на „црно-белите“, кои следниот ден играле важен натпревар“, рекол во една пригода.

На 18-годишна возраст Реља поминал низ уште едно премрежје, кога, поради несреќни околности, бил застрелан во стомакот.
Операцијата траела четири часа и неговиот живот висел на конец со денови, а оваа случка, вели, засекогаш го сменила неговиот поглед на светот.
„Кога првпат ја видов мајка ми во болничката соба, имав впечаток дека остарела десет години за три дена. Иако реално не бев виновен за ништо, тоа многу ме погоди.
Оттогаш, па сè до нејзината смрт во 2017 година, никогаш повеќе не ја насекирав. Бев добар син“, додава тој.

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм