„Тој е мојата најголема љубов“ - Сопругата на Дарко Лазиќ искрено проговори за бракот и траумите со пејачот
Дали на Дарко му поминуваа црни мисли низ глава по смртта на брат му?
Не, тоа е моја проценка. Дури ни не сакаше да се откаже од музиката, иако му беше тешко да пее. Не сакаше да се откаже од пеењето, и поради семејството и поради музиката.

Дали му кажуваше на Дарко да побара стручна помош?
Да, затоа што ситуацијата беше тешка за сите нас, а особено за него. Му реков дека ако му биде полесно - да разговара со некого.
Не најде таква помош, но ја најде верата во црквите и манастирите, разговараше со свештени лица и така му беше полесно.

Дали другите деца на Дарко ги доживуваш како свои?
Не, ги доживувам како деца на некој близок. Како, на пример, да се деца на мојата сестра, но не како да се мои.
Дали по разводот некогаш си се сретнала со поранешниот сопруг?
Не.

Дали си го изневерила поранешниот сопруг со Дарко?
Не. Не сакав веднаш ни дете со Дарко. Го добив кога двајцата го посакавме.
Мислев дека треба малку да бидеме во врска, сами, па потоа да имаме дете.

Дали си го проверувала телефонот на Дарко?
Да. Не најдов ништо посебно.

Дали му се додворуваат девојки на Дарко иако е во брак?
Да, и мислам дека на денешните девојки тоа не им пречи. За жал.

С. С. | Црнобело