„Тој е мојата најголема љубов“ - Сопругата на Дарко Лазиќ искрено проговори за бракот и траумите со пејачот
- Детали
- вторник, 05 мај 2026
За првата разделба од Дарко, Катарина вели: „Се каам. Никогаш не ни сакав да ја прекинам таа врска. Тој беше тој што инсистираше на тоа. Плачев тогаш кога ја прекина врската, а јас не сакав, но добро. Сè си дојде на свое. Тој беше на почетокот на кариерата, сметаше дека не е време да се смири“.

Катарина Лазиќ, сопругата на пејачот Дарко Лазиќ, гостуваше во емисијата „Блиц полиграф“.

Таа на „жешкото столче“ откри во што пејачот нашол утеха по смртта на брат му Драган Лазиќ, а проговори и за гласините за неверства.

Катарина вели:
„Би можела да живеам од својата работа (креирање фитнес програми) и да не ми е сопруг Дарко Лазиќ. Инаку, со Дарко се запознав преку сестра ми. Работеа заедно и така сè се случи.
Тој е мојата најголема љубов“.

Дел од прашањата:
Дали се каеш што ти и Дарко ја прекинувавте врската што ја започнавте пред неговиот брак со Ана Севиќ?
Се каам. Никогаш не ни сакав да ја прекинам таа врска. Тој беше тој што инсистираше на тоа.

Дали си плачела поради Дарко Лазиќ?
Да. Особено тогаш кога ја прекина врската, а јас не сакав, но добро. Сè си дојде на свое.
Тој беше на почетокот на кариерата, сметаше дека не е време да се смири. Беше млад.

Дали по сообраќајната незгода со Дарко мислеше дека ќе имаш последици?
Не, затоа што повредите што ги имав беа мали. Верник сум, верувам во Бог и се молев Бог да го чува Дарко поради неговото брзо возење.

Дали мислеше дека Дарко никогаш нема да се промени?
Не. Верував во него.
Дали го уценуваше Дарко дека ќе си заминеш со ќерката ако не се промени?
Не.
