Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна девојка
- Детали
- среда, 06 мај 2026
Тој важи за „вечен ерген“ и повторно има нова девојка - пак млада убавица. Со бившата беа неразделни 3 години, сепак никако не сакал да го прифати нејзиното инсистирање за брак и никогаш не зборува за неговиот прв и единствен брак, од 1992, кој траел кратко.

Aктерот Милутин Мима Караџиќ повторно е во центарот на вниманието на јавноста откако ја прекина тригодишната врска со значително помлада колешка поради нејзиното инсистирање на брак.

Иако набрзо утеха пронајде во нова партнерка и изјави дека околу неа сериозно се потрудил, малкумина знаат дека актерот, кој важи за вечен ерген, всушност зад себе веќе има еден брак склучен во далечната 1992 година.
Кон крајот на минатата година, Мима Караџиќ ја прекина врската со 35 години помладата глумица Наташа Станишиќ, со која беше неразделен речиси три години.
До крај на љубовта дошло кога актерката посакала нивната врска да ја подигне на повисоко ниво и почнала да зборува за брак, на што тој се спротивставил.


Веднаш ѝ кажал дека не сака да зборува за тоа и дека не е за брак, особено во овие години.
Актерот заклучил дека најдобро е да се разделат и секој да продолжи по својот пат.


На Мима раскинувањето очигледно не му паднало тешко, тој си продолжил со своите обврски и набрзо започнал врска со млада, згодна бринета, која ја претставил во јавноста на почетокот од декември на концерт во Сава центар.
Новата девојка видете ја ТУКА...
Потоа и самиот ја потврдил новата романса за медиумите.

Мима изјави:
„Тоа е мојата партнерка, заедно сме. Се дружиме, убаво ни е и поминуваме квалитетно време заедно.
Не сметам дека сум миленик на жените... Околу девојката со која денес се гледам и дружам многу се потрудив, тоа е убава работа, така што не би рекол дека сум миленик на жените“.
