Ела Дворник објави вознемирувачки кадри од болница по пластична операција на лицето - сакала да не изгледа „уморно“
- Детали
- четврток, 07 мај 2026
„Само естетските операции да не станат зависност. Денес капаци, утре нос, задутре друго, па одеднаш ти смета нешто што никогаш претходно не ти сметало. Тука лесно можеш да се изгубиш. Јас никогаш не сум си била грда и не сум сакала да изгледам како некој друг“, е дел од објавата на Ела Дворник (35), во која сподели детали за операцијата.

Ела Дворник (35) на својот Инстаграм профил проговори за новиот естетски зафат кој го направила на себе.
Таа никогаш не ги криела ваквите интервенции, па не направи исклучок ни овојпат.

Ела направила ендоскопски brow lift (подигнување на веѓите) или блефаропластика.
Ела вели:
„Мило ми е ако можам со моето искуство да им помогнам на другите да донесат подобра одлука.
И јас сум ги носела моите одлуки врз основа на туѓи искуства“.

Ела се одлучила за корекција затоа што забележала дека нејзиниот изглед се променил со текот на годините и дека делува поуморно.
Природно вели дека имала спуштени капаци и веѓи, а со текот на времето тоа ѝ дало „уморен“ изглед на лицето.
Главната идеја ѝ била да има одморен поглед.

Таа откри дека зафатот бил помалку драматичен отколку што изгледа.
„Зборот ‘операција’ секогаш звучи драматично, но вистината е дека доаѓаш, те подготвуваат, заспиваш и се будиш.
Ендоскопскиот brow lift се прави преку мали резови во косата, што значи дека нема класичен голем рез.

Целта е да се подигне делот на веѓите и челото за погледот да се отвори, но без ефект на изненадена кукла. Тоа ми беше многу важно.
Не сакав да изгледам ‘затегнато’ и нереално, туку посвежо.
За мене најважно беше довербата во докторот и некој реално да ми објасни што можам да очекувам, а не да ми продава фантазии“.
