Емина Јаховиќ за растењето во сиромаштија: „Мајка ми смрзнуваше јогурт и млеко, затоа сега не се расфрлам со пари“
- Детали
- четврток, 07 мај 2026
„Порано отпуштав вработени само ако ме погледнат попреку, но сега веќе не го правам тоа. Станав подобра личност. Како дете се сеќавам, гледав соседите како јадат домати, тоа ни беше луксуз. Мајка ми смрзнуваше јогурт и млеко за црни денови“ – детали од приватниот живот на Емина Јаховиќ.

Емина Јаховиќ последниов период е активна и на социјалните мрежи и во медиумите заради својата голема балканска турнеја со соло концерти, а месецов ќе одржи концерт и во Скопје.
Српските медиуми изминативе денови постојано потсетуваат на нејзини поранешни изјави кои ги има давано за својот приватен живот.
Па така, пред неколку дена кружеше веста за тоа дека во минатото била брутална со своите вработени, но имала пресврт во животот, што ја натерал да биде поемпатична.
Во своја постара изјава за медиумите, своевремено признала:
„Љубезна сум кон луѓето и се трудам да се ставам во нивна положба. Порано отпуштав вработени само ако ме погледнат попреку, но сега веќе не го правам тоа.
Научив да го контролирам своето его. Откако тешко се изборив со короната, станав посилна жена, но и подобар човек.
Го намалив бројот на пријатели, станав помудра, почувствителна и личност која има разбирање за другите“.
Емина важи за жена која си го сака луксузот, живее на висока нога и напорно работи за да си го овозможи тоа, откако се разведе од сопругот кој претходно ѝ го обезбедуваше таквиот живот.
Но, таа не живеела отсекогаш така, а српските медиуми сега пишуваат за нејзините изјави во кои таа некогаш открила дека пораснала во сиромаштија.
„Мајка ми и татко ми немаа некое наследство зад себе, а како лекари не беа нешто богати и имотни.
Се сеќавам, кога горе-долу сите луѓе во Србија живееја тешко, на нас и доматот ни беше луксуз. Во некои ситуации како дете, ги гледав соседите како јадат домат.
Киндер јајца, гумени бонбони и чоколади што пуцкаат во уста... сето тоа ми беше недостижно во детството.
Во време на препирки и војни, мајка ми ставаше во замрзнувач млеко и јогурт, што не смеевме да ги допреме, туку ги чувавме за црни денови.
Како дете бев вистинско девојче, обожавав светкави фустанчиња кои ги наследував од постарата сестра...
Затоа сега, кога имам, никогаш не се расфрлам. Сакам да купувам, но само она што ќе го носам, немам хирови“.
М. М. | Црнобело