Буба Корели има и свршеница и девојка - живеат заедно, а на негов концерт двете играа во публика една до друга
- Детали
- понеделник, 11 мај 2026
Уште во 2021 година се појавија информации дека раперот има две партнерки кои не само што знаат една за друга, туку и живеат заедно. Сега, тие заедно танцуваат на негов концерт и го поддржуваат од публиката, откако тој едната од нив јавно ја влечеше за коса.

Популарното дуо Џала Брат и Буба Корели неодамна имаа два спектакуларни концерти во Aрена Загреб, но тоа не е она што привлече најголемо внимание кај јавноста, туку двете партнерки на Буба, кои беа во публиката.

Jaсмина и Петра цела вечер ја поминаа заедно во ВИП делот пред бината, бодрејќи го својот сакан.

Петра во една пригода беше жртва на семејно насилство од партнерот, а згрозувачко видео се појави во јавност.
Петра
Заедничкото појавување на девојките на концертот не помина незабележано, а многумина присутни го коментираа нивниот однос.
Јасмина
Додека едната се одлучи за елегантен црн костум, другата избра поопуштена комбинација – фармерки, бела маица и кожена јакна.
Сепак, без разлика на различниот стил, и двете изгледаат одлично расположени и очигледно уживале во текот на вечерта.

На видеата објавени на Tвитер тие двете танцуваат и пеат, а речиси во текот на целиот настап не се одвојуваат една од друга.
Погледнете го видеото ТУКА...


Инаку, сараевскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, со години ја интригира јавноста со својот приватен живот.
