Српските претставници на Евросонг ќе настапат во костими тешки 20kg: „Ни треба сериозен кардио тренинг за нив“
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
Настапот на групата „Лавина“ е режиран како мини филм, а фронтменот на бендот, Лука Аранѓеловиќ, вели дека инспирацијата се книгите и филмот „Господарот на прстените“.

Српските евровизиски претставници, групата „Лавина“ од Ниш, вечерва (12 мај) ќе настапи во првото полуфинале на Евросонг во Виена.
Тие до пред само неколку дена котираа високо на листата на фаворити за победа, а добија пофалби и јавна поддршка и од Лорди, бендот што во 2006 година ѝ донесе евровизиска победа на Финска.

Иако мислењата за нивната песна „Крај мене“ се поделени, шесте момци привлекуваат внимание и со својата појава и со настапот (кој може да се види во делови на социјалните мрежи).
Настапот е режиран како мини филм, а фронтменот на бендот, Лука Аранѓеловиќ, вели дека инспирацијата се книгите и филмот „Господарот на прстените“.
Во овој стил се направени и костимите, кои за „Лавина“ ги дизајнираше хрватскиот креатор Николас Дијамане.

Драматични костими тежат околу 20kg, со исклучок на костимот на Лука, кој е полесен, а само поради тоа што мора да биде поподвижен на сцената во однос на останатите.
Неговиот костим потсетува на облеката на воините од Рохан или северните предели на Средната земја.

Сите костими содржат елементи на средновековна облека.
„Костимите се тешки и бараат сериозен кардио тренинг за да може да ги носите“, откри Лука во официјалниот подкаст на натпреварот за Песна на Евровизија.

Костимите се направени од вистинска кожа, што наиде на негодување кај пободниците за правата на животните.
За потсетување, Евросонг и годинава има три вечери - првото полуфинале е денес (12 мај) втората полуфинална вечер на Евровизија ќе се одржи на 14 мај, а финалето е планирано за 16 мај.
А. Ј. | Црнобело