Ѝ беше вработен, сега сопруг и најголема љубов: Теа Таировиќ објави ретки фотки со саканиот Иван, по повод 1 година брак
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
Теа Таировиќ веќе една година ужива во брак со својот мускулест возач и телохранител Иван Вардај, со кого вели дека планира да направи и црковна венчавка во иднина. „Најдобриот опис на бракот е последната фотографија, а најдобриот опис на љубовта е првата“, вели таа.

Пејачката Теа Таировиќ минатата година се омажи за Иван Вардај, кој ѝ беше и возач и телохранител, а на крајот од април годинава прослави една година брак и објави низа фотографии со него.
Таа нема практика често да го прави тоа, но папарацо фотографите постојано ги ловат секогаш и секаде заедно.
Скриншот од видео
Теа пред да стапат во брак не зборуваше многу за него, а дури и за свадбата се дозна само неколку дена пред тоа.

Сепак, пејачката ја имаше својата бајка, а сега ужива со својот некогашен вработен, а денес сопруг.
Сите детали за свадбата на Теа Таировиќ - го додаде презимето на сопругот, раскошна венчаница со вел
Иван и понатаму е на сите настапи со неа.
Омилена дестинација им е Малдиви, па секој слободен миг го користат за одмор таму.

Tea на Инстаграм се пошегува...
„Најдобриот опис на бракот е последната фотографија“.
