Ана Ивановиќ наводно си фатила нов дечко и го носи во милионската вила во населбата „Беверли Хилс на Мајорка“
- Детали
- четврток, 14 мај 2026
По разводот Бастијан продолжи понатаму, вљубен во бугарката Силва, дури и разменуваше јавно нежности со неа, додека таа беше во полутанга бикини, но сега и Ана Ивановиќ ја пронашла својата среќа и веќе неколку месеци ужива во љубовна врска со нов мистериозен партнер, кој дури преспива во нејзината вила од речиси 5 милиони долари на Палма де Мајорка.

Aна Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведоа по девет години брак.
Парот се венча во 2016 година и заедно имаат три сина, а со години важеа за еден од најпознатите спортски парови во Европа.

Но, Бастијан продолжи понатаму, вљубен во бугарката Силва, а сега и Ана си ја пронајде својата среќа на друга страна, пишуваат српските медиуми.

Ана Ивановиќ веќе неколку месеци ужива во љубовна врска со нов мистериозен партнер, а според пишувањата, нивниот однос станува сè посериозен.

Наводно, тој речиси се вселил во нејзината вила во Палма де Мајорка, каде што двајцата поминуваат многу време заедно, далеку од очите на јавноста.
Според извор близок до парот, тие одлично функционираат заедно и одлучиле вилата да им биде база во наредниот период.

Најважно им е да бидат заедно и да ја зачуваат приватноста.
Наводно, новиот партнер на Ана не е јавна личност, туку успешен странец кој работи во приватниот сектор. Тие се запознале преку заеднички пријатели токму на Мајорка, каде што тој престојувал поради деловни обврски.

По првата средба размениле контакти, а брзо потоа заминале и на вечера, по што нивната врска постепено се развила.

Нивното прво заедничко патување било во Мадрид, каде што, според изворите, биле неразделни. Се наведува и дека токму тој ги фотографирал фотографиите што Ана ги објавувала на Инстаграм, на кои изгледа многу среќна и опуштена.
