„Срцето ми сака македонско девојче“ – Бобан Рајовиќ ужива во Галичник, Охрид и убавините на Македонија (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 18 мај 2026
„Тиквешко ми вино точе, зато што ми срце хоче македонско девојче“ – пее Бобан Рајовиќ, а објави повеќе фотки и видеа од нашата прекрасна земја – со чаша вино во Кавадарци, покрај природата на патот кон Галичник и на брегот на Охридското Езеро.

Бобан Рајовиќ е црногорски пејач, кој е роден во Копенхаген, Данска, а музичката кариера ја започнал пеејќи по балкански локали низ Скандинавија.
Подоцна тој се пресели во Белград, а на публиката ѝ е најмногу познат по хитовите како „Usne boje vina“.
Деновиве на Инстаграм тој ги заинтригира фановите со кадри од снимањето на своите спотови, а во повеќето објави, тој ги открива убавините на Македонија.
На една од фотографиите тој позира на патот кон Галичник, каде се гледа неверојатната природа која нашата земја ја има.
„Секаде има траг од нашите чекори“ – пишува во описот, а токму така пее и во една од новите песни.
Во друго видео, тој е во Охрид, покрај брегот на Охридското Езеро и пее извадок од нова песна, чии стихови гласат: „Од Охрид па до Јадран, насекаде има траг од нашите чекори“.
Тој сподели уште едно видео, на кое седи покрај камин и пие црвено вино, а пее песна во која се спомнува нашето македонско девојче:
„Тиквешко ми вино точе, зато што ми срце хоче македонско девојче“.
Според српските медиуми, за новиот проект на пејачот, вложени се приближно 100.000 евра, спотовите се снимани во три држави, меѓу кои и нашата, а се работи со голема продукциска екипа.
По повод 25 години кариера, освен новиот албум, тој најави и голем солистички концерт во Белград на крајот од годината.
Инаку, тој е во брак со Драгана Рајовиќ, која ретко се појавува во јавност, а имала 19 години кога се омажила за пејачот. Парот има три деца.
М. М. | Црнобело