Ја пречекаа како хероина во Бугарија, претходно ја исмејувале, сопругот ѝ бил поддршка – Сè за Дара, победничката на Евровизија 2026

Која е Дара?

Нејзиното вистинско име е Дарина Николајева Јотова, а родена е во Варна во 1998 година.

27-годишната победничка се занимава со музика уште од најмлада возраст, на 7 години учела фолклорно пеење, но подоцна се одлучила за помодерен поп звук, иако често нејзин заштитен знак е токму мешањето на двата жанра.

Првата поголема популарност ја стекнала во 2015-та, кога како 17-годишна девојка освоила трето место на бугарскиот X-Factor.

Токму тогаш почнува нејзината професионална музичка кариера, кога потпишала договор со издавачката куќа Virginia Records, а оттогаш почнала да го користи и прекарот Дара како уметничко име.

Во досегашната кариера има објавено два албума, има учествувано и во бугарската верзија на „Твоето лице звучи познато“, а во 2021 станала и вокален тренер во музичкото шоу „Гласот на Бугарија“, каде од вкупно четири сезони, дури две години своите учесници ги донела до победа.

Песната Bangaranga, според Дара е поп песна со фолклорна срж, a се фокусира на ослободување на сопствената личност, прифаќање на своите страни и славење на внатрешниот бунт.

Што значи Bangaranga?

Значењето на зборот Bangaranga, многумина пишуваа дека потекнува од јамајканскиот збор „Bangarang“ што означува неред, хаос или бунт, а во песната е прилагоден во „Bangaranga“, со што станува симбол за силни, самосвесни и бунтовни жени кои го контролираат својот хаос.

Дара пак, во Инстаграм објава, објасни:

„Инспирирано од кукери – антички бугарски ритуал во кој изведувачи го бркаат злото – Бангаранга се бори со модерните демони во нас.

Бангаранга е моментот кога ја одбираш љубовта наместо стравот. Кога ќе се искачиш на повисоко енергетско ниво и ќе отидеш чекор напред – посилен од анксиозноста, сомнежите, срамот и внатрешниот хаос.

Не напаѓа, туку трансформира. Бангаранга не е нешто што стануваш, туку нешто што го будиш во себе.

Па кога и да стане страшен животот, не се грижи, биди Бангаранга“.

На Евровизија, Бугарката Дара, за Bangaranga рече:

„Bangaranga е чувство дека сè е возможно. Се борев со анксиозност и една работа што ми помогна е разговорот со себе, во кој се прашував што е вредно, што е мојата вредност?

И дознав дека да бидеш тоа што си и да останеш автентичен на тоа е најмоќната работа, и да бидеш храбар, да го одбереш својот стил е прекрасно.

Не го правам за нечие одобрување, туку затоа што тоа сум јас“.

Што се однесува до љубовниот живот, од јуни 2025, Дара е во брак со нејзиниот избраник од Турција, Ервин.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Дара Бубамара со гаф во „Ѕвездите на Гранд“: „Ми личиш на Северина“ - ѝ рече на бившата снаа на Кеба... Видеото од непријатната ситуација е хит на Инстаграм: „Мене ми беше одлична, ама...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Дара Бубамара (50) има нов помлад дечко - се возат во кабриолет на Миконос, па на јахта во Црна Гора Од луксузни одмори до слободно покажување дека се во врска пред српските папарац...

Најчитани неделава