Исповед на Србинка: „Добив дијабетес на 11 години, секаде одам со кутии за храна - исцрпувачки е“
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
„Мислам дека луѓето не разбираат колку е ментално исцрпувачки да имаш дијабетес. Инсулинот е буквално само еден дел од проблемот. Најголемиот проблем е што мозокот ти е постојано „вклучен“ и работи со 500 на час“, вели Јелена Николиќ, српска водителка, која веќе 20 години мора да внимава што и колку јаде поради својата дијагноза.

Јелена Николиќ е српска водителка и писателка со повеќе издадени романи, а ја водеше и емисијата „Kontra Show“, каде гостуваа познати личности од српската естрада.
Таа со своите 65.000 следбеници постојано споделува детали од своето секојдневие со сопругот и детето.

Но, сега Јелена искрено проговори за нејзината најтешка ситуација, а тоа е животот со дијабетес.
Со дијагноза на само 11 години, Јелена вели дека цел живот внимава на исхраната.

Нејзината емотивна исповед:
„Колку пати дневно човек може да размислува за храна пред да се умори?“
Епа, јас за тоа размислувам веќе 20 години!
Ми стигна еден коментар на тема дијабетес, па сакам барем делумно да одговорам на тоа, односно да раскажам за мојата ситуација.

Дијабетес добив на 11 години и оттогаш ништо никогаш повеќе не беше спонтано.
Ниту кафе, ниту патување, ниту работа, ниту снимање — затоа што буквално, каде и да одам, морам со себе да носам оброци.
А имам и куп обврски околу тоа.

Јас бев таа што секогаш носеше мали садови со храна, замотани во алуминиумска фолија, и пред секој оброк пресметував колку јаглехидрати внесувам.
Мислам дека луѓето не разбираат колку е тоа ментално исцрпувачко.
Инсулинот е буквално само еден дел од проблемот.
Најголемиот проблем е што мозокот ти е постојано „вклучен“ и работи со 500 на час.

Изостанував од часови и по 2 месеца. Јас бев таа што носеше кутии со храна на училиште и на одмори.
Тоа за мене беше единствениот нормален и разумен начин да го преживеам денот како што треба.
Не можам да кажам дека многупати не ми било непријатно кога другарите чудно ме гледаа поради тоа.
И смешно е што денес токму од тоа направив свој животен стил.

