Дали се сеќавате: Пред Боба, Брена љубеше политичар - му посвети песна, сакала да основаат семејство
Љубовната приказна на Брена и Мирко и денес интригира многумина, а поранешниот пратеник пред многу години беше запрашан за неа.
„Вистина е дека Лепа Брена ми беше девојка долго време и дека се сакавме. Но, сега тоа е минато и сега сме само добри пријатели.
За тоа за што се зборува низ чаршијата во Зрењанин, дека таа требаше да се омажи за мене и дека тоа, ајде да речам тага, веќе беше готова работа, можам само да кажам дека беше нечија фантазија и нечии убави желби...
Но, можам да кажам дека по нашето раскинување, Брена за мене беше и остана голема пријателка“, рекол Крлиќ тогаш.

Во разговорот тој бил запрашан и за свадбата на Брена и Боба.
„Искрено, воопшто не се изненадив кога дознав дека ќе се мажи. Долго време ја знаев таа нејзина желба.
Додека бевме заедно, таа често ми велеше: „Мирко, мојата најголема желба е да основам свое семејство. Постојано ме прогонува мислата дека славата еден ден ќе помине, а јас ќе останам сама...“.
Никогаш не можеше да се ослободи од тој страв, особено затоа што постојано беше одвоена од своите родители“, додал тој.

Во друга пригода Крлиќ се присетил и на својата прва средба со пејачката.
„Ја запознав Брена кога првпат настапуваше во Зрењанин, кога пееше во хотелот Војводина како неафирмирана пејачка. Си се допаднавме на прв поглед. И почнавме да се забавуваме.
Тогаш работев како диџеј во „Дом младости“, а подоцна и во барот. Брена пееше во нашиот град во два наврати по неколку месеци, а се гледавме и подоцна кога го напушти Зрењанин.

Можам да кажам дека нејзиниот секојдневен живот беше сосема различен од нејзината улога како пејачка и забавувачка во барот.
На работното место, таа беше професионалец до крај, а потоа - сосема обична, морална жена, но и многу интелигентна. Знаеше што сака“, рекол тој.

А. Ј. | Црнобело