„Немавме тоалет, греев вода во лонец за бањање“ - Рада Манојловиќ за сиромаштијата во која пораснала и луксузот денес
Благодарение на успешната музичка кариера, денес пејачката живее многу поудобно.
Својата прва поголема заработка од настапи, околу 100.000 евра, ја вложила за да му обезбеди подобар живот на семејството и да изгради нова куќа на истото место каде што се наоѓал стариот дом.

Зборувајќи за уривањето на старата куќа и изградбата на новиот дом, таа во една пригода изјави:
„Тука беше шталата и сè требаше да се урне и да се копаат темели.
Кога ќе почнеш од нула, навистина трае долго. Како дупка без дно.
Сега полека внесуваме мебел, засега опремивме само една соба и едно купатило. Од нешто мора да се почне, а потоа следуваат кујната и многу други работи“.

Денес, на местото на старата и дотраена куќа се наоѓа модерен и луксузно уреден дом со квалитетен мебел.
Освен тоа, Рада неодамна потврди дека купила и стан во Белград, во населбата Вождовац. Станот има околу 70 квадратни метри, дневна соба и две спални соби.

Според нејзините зборови, конечно го решила станбеното прашање и не сака премногу да зборува за својот имот.
„Нека биде дека конечно се вдомив. Најважно е што го завршив она што одамна требаше да го завршам.
Тука ќе застанам, не сакам повеќе да се фалам“.
С. С. | Црнобело