Јелена Карлеуша по веста за новата девојка на Душко Тошиќ: „Сум го пријавувала во полиција за семејно насилство, за напади“
Да потсетиме, неодамна во јавноста одекна веста дека поранешниот фудбалер е во љубовна врска, што и самиот го потврди. Откриен беше и идентитетот на неговата нова избраничка.

Станува збор за Нора, жена која не е позната на јавноста, разведена е и има две деца, според српските медиуми.

Тие се во врска околу пет месеци и оттогаш често се појавуваат заедно.

Нивната врска, според извори блиски до парот, засега функционира без поголеми турбуленции.

Сепак, двајцата се трудат љубовниот однос да го држат подалеку од очите на јавноста.

Тошиќ кратко се огласи за медиумите и потврди дека е среќен во љубовта, без да открива дополнителни детали:
„Вистина е. Во среќна врска сум и задоволен сум“, изјавил поранешниот фудбалер.



С. С. | Црнобело