Втората сопруга на миленикот од „Х Фактор“ ја нарекуваат „растурачка на бракови“, а првата дозна дека има тумор по разводот
Исидора јавно реагираше на обвинувањата дека нивната врска започнала додека Алекса сè уште бил во брак:
„Бидејќи гледам дека некои луѓе мислат дека имаат релевантни информации, сакам еднаш засекогаш да разјаснам. Алекса беше во брак пред неколку години и е разведен веќе две години.
Ние се запознавме една година по неговиот развод“.

Таа истакна дека постојано се соочува со навреди и споредби со поранешната сопруга на пејачот.
„Откако почнавме јавно да споделуваме делови од нашиот приватен живот, се соочувам со незаслужен притисок.

Ме нарекуваат ‘разурнувачка на бракови’, ‘неморална личност’, ‘крадливка’ и слично.

Постојано ме споредуваат со поранешната сопруга на Алекса. Не знам дали сфаќате колку е тоа нездраво и колку е всушност неважно“.


С. С. | Црнобело