Може да одгриза прст – Колку е опасна отровната пуфер риба која почна да се појавува во Грција?

Генерално, овие риби не напаѓаат луѓе ако не се вознемирувани.

mozhe-da-otkine-prst-kolku-e-opasna-otrovnata-pufer-riba-koja-pochna-se-05.JPG

Сепак, имало ситуации кога рибата била привлечена од светкави предмети, како накит, мислејќи дека се храна, и во тој случај напаѓала.

Некои експерти споделуваат и дека случаи на напади имало кога туристи пробувале да ги хранат или да ги допрат рибите.

За грчкиот медиум Ekathimerini, биологот и професор Димитрис Пафрас открива на кои места е забележана рибата во последно време.

„Забележавме единки во области како островот Евбеја и западниот брег на Евија, како и покрај плажите на Атика“.

mozhe-da-otkine-prst-kolku-e-opasna-otrovnata-pufer-riba-koja-pochna-se-02.JPG

Тој споделува и дека оваа миграција на рибите е донекаде очекувана.

„Кога одреден вид ќе најде храна, соодветни температури, успешна репродукција и малку непријатели, неговото ширење не е изненадување, туку очекуван еколошки исход“.

Бидејќи, како што спомнавме, овие риби и да немаат природни предатори низ Медитеранот, многу брзо се размножуваат.

„Нема доволно природна контрола на Медитеранот за да се ограничи нивната популација“, додава професорот.

mozhe-da-otkine-prst-kolku-e-opasna-otrovnata-pufer-riba-koja-pochna-se-03.JPG

Според него, рибата била забележувана и покрај брегот на Кипар каде што рибарите пробувале да го намалат нивниот број, но не и целосно да ги елиминираат.

Грчкиот медиум Ekathimerini споделува и студија според која природните услови низ грчките води ќе бидат добри за овие риби и во наредните години.

Па, експертите очекуваат ова да биде долгорочна промена, а не привремена „наезда“.

mozhe-da-otkine-prst-kolku-e-opasna-otrovnata-pufer-riba-koja-pochna-se-04.JPG

Ако планирате да одите во Грција и ја забележите оваа риба, само држете се настрана од неа и ќе бидете безбедни.

Ако сакате да ловите риба, тогаш бидете особено внимателни и немојте да консумирате видови што не ви се познати.

Исто така, избегнувајте да ги храните рибите или да фрлате храна во водата бидејќи не само што загадувате, туку и ги привлекувате рибите поблиску до брегот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Цеца Ражнатовиќ за бившиот дечко: „Ми рече да се преселиме во помал стан – трошоците за куќата ми би... „Вели - многу ти се големи трошоците за одржување на куќата, да се преселиме во ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...

Најчитани неделава