Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ е бикини кралица во Шпанија - Која е тајната на нејзиниот фит изглед?
- Детали
- недела, 21 јуни 2026
Џина Џиновиќ (22) стравува од генетиката, со оглед на тоа што нејзината мајка Мелина на нејзина возраст имала 20 килограми вишок. Призна за корекциите на устата, но кружат гласини и за ставање на хијалуронски филери во колковите. Oбјави низа фотки од одморот во Шпанија...

Младата српска инфлуенсерка Џина Џиновиќ (22), ќерка на Харис и Мелина, на социјалните мрежи често истакнува колку труд и работа вложува во својот изглед за да ја доведе својата фигура до совршенство.

Иако сега изгледа беспрекорно, а доказ за тоа се нејзините фотографии од одморот во Шпанија, младата Џина наводно стравува од генетиката, со оглед на тоа што Мелина на нејзина возраст имала 20 килограми вишок.
Затоа ништо не препушта на случајноста.


Нејзината секојдневна рутина подразбира редовни посети на теретана, како и многу здрава и избалансирана исхрана според правилото „80:20“.

Во пракса, тоа значи дека 80 проценти од нејзините оброци се засноваат на намирници како зеленчук, риба и ориз, додека повремено си дозволува да ужива и во омилената, помалку здрава храна.

Според нејзините објави на Инстаграм, исхраната на Џина вклучува и една моќна и многу здрава намирница која постојано е присутна на нејзината чинија - манго.
Ова егзотично овошје е нејзин вистински природен сојузник за убавина.
Но, и покрај мангото, таа општо обожава овошје.

Инаку, изгледот на ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ често е тема на дискусии, па неретко се шпекулира за естетските интервенции што таа ги направила.
