Јелена Спенџарска го посети градот во кој живееше со бившиот Лукас: „Сериозна сум кога велам дека ќе те сакам засекогаш“
- Детали
- среда, 24 јуни 2026
На Јелена Спенџарска Солун ѝ беше втор дом и практично живееше таму за време на врската со Гркот Лукас. Сега, водителката и инфлуенсерка повторно му се врати на градот што го обожава.

Јелена Спенџарска извесен период, за време на нејзината љубовна врска со Гркот Лукас, градот Солун го сметаше за свој втор дом или, пак трет по родното Берово и Скопје кое веќе одамна ѝ е дома.

Таа постојано патуваше таму, па дури и живееше во делови од годината.
Омилено ѝ беше трчањето по кејот, како и нејзините омилени местенца за здрава храна, кафе и шопинг.

Сепак, веќе извесен период таа не живее таму, но сега повторно се врати на посета на својот омилен град.

Со фотографиите оттаму Јелена за Солун напиша:
„Сериозна кога велам дека ќе те сакам засекогаш!“

