Туристи оставија хаос во вила во Хрватска, сопствениците згрозени - Столчиња фрлени во базен, купишта ѓубре (видео)

Откако видеото од хаосот стана вирално, јавноста се подели - едни се згрозени од глетката, а други застанаа во одбрана на туристите, велејќи дека тие во цената платиле и за чистење на вилата по нивното заминување. Каков е вашиот став? 

turisti-ostavija-haos-vo-vila-vo-hrvatska-sopstvenicite-zgrozeni-stolchinja-frleni-vo-bazen-kupishta-gjubre-video-01.jpg

Сопственици на вила во местото Новаља, на островот Паг, останале шокирани откако дошле да ја исчистат по заминувањето на група британски туристи.

Тие снимиле видео во каква состојба ја нашле вилата, во која, туристите биле само пет дена - расфрлани шишиња, храна, ќеси, апостолки, пластика, превртени лежалки покрај базенот, тоалетна хартија, пешкири, заборавена облека, картонски кутии...

Во базенот се фрлени столчиња, пластични лежалки, а има и ѓубре што лебди на површината на самиот базен.

Тие фрлале предмети и преку оградата на вилата, во туѓ двор.

turisti-ostavija-haos-vo-vila-vo-hrvatska-sopstvenicite-zgrozeni-stolchinja-frleni-vo-bazen-kupishta-gjubre-video-03.jpg

Сликата што ја виделе пред себе, ги згрозила сопствениците на вилата, а видеото што го објавија, масовно се споделува преку социјалните мрежи.

Коментарите се поделени. Едни се, исто така, згрозени од тоа што го гледаат и ја коментираат некултурата на туристите.

Други, пак застанаа во нивна одбрана и велат дека ако платиле неколку илјади евра, сигурно очекувале некој да го исчисти хаосот по нив и дека во цената е сигурно вклучена и надокнада за чистење, која си ја пресметуваат тие што изнајмуваат недвижнини.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Ги става децата врз шпорет со влечки, вика со наплив на емоции – Бившиот на Марија Микиќ во посета н... Додека Марија Микиќ има настапи на море, нејзиниот бивши се врати од Дубаи во се...
Едита Арадиновиќ се појави во 5-тиот месец од бременоста во емисија, откако таткото на детето ја ост... Едита Арадиновиќ блеска во бременоста, иако среде бременост раскина со таткото н...
Саша Ковачевиќ по 8 години клекна на колено и ја запроси саканата: „Ти си мое денес и утре“ Српскиот пејач Саша Ковачевиќ по околу 8 години врска, конечно ја побара за сопр...

Најчитани неделава