„Колку е убав“ - Душко Тошиќ ѝ покажа на Карлеуша каков мангуп изгубила со фотки од себе на одморот со ќерките во Мармарис
- Детали
- петок, 17 јули 2026
Во вртоглаво скапиот ресорт во Турција, Душко денски одвојува време и за спортување, а навечер ужива дотеран во релаксираните летни вечери со ќерките. „Среќен татко“, му коментираат фановите.

Душко Тошиќ летните денови ги поминува на одмор со ќерките Атина и Ника во Турција, а откако неговата помала ќерка Ника објави фотографија во прегратка со него, сега и тој објави низа фотки од одморот.
Душко со ќерките е сместен во вртоглаво скапиот ресорт во Мармарис, Турција, „D Maris Bay“.


Тој позираше таму од дотеран во црна маичка и ленени панталони во летните релаксирани вечери со ќерките до спортско издание во текот на денот, кога покрај уживањето на плажа, не заборави и на работата на фит изгледот.




Душко изгледа подобро од кога било на фотографиите, а тој со нив како да сака да ѝ покаже на Карлеуша што изгубила, коментираат фановите.

Тој доби и многу комплименти на Инстаграм, меѓу кои и: „Колку е убав“, „Среќен татко“ итн.

