„Му купи пиштол на синот, па проба да се самоубие по неговата смрт“ - сопругата на Мишо Ковач со детали за семејната трагедија
- Детали
- сабота, 18 јули 2026
„Мишо потоа направи глупост - купи пиштол и му го даде на Еди. Го молев да не го прави тоа, да не му става оружје во рацете на детето. Тој тврдеше дека нашиот син е одговорен и знае што држи во рацете. Еди веќе не се одвојуваше од пиштолот. Го носеше и кога излегуваше“, вели во својата исповед поранешната сопруга на пејачот.

Мисицата Анита Батурина имаше само 18 години кога почна нејзината љубов со легендарниот Мишо Ковач. Во тоа време тој беше во брак со Љубица Ковач.
Веста за аферата на пејачот и мисицата одекна како бомба во 1971 година, но се стиша по околу две години, кога двојката се венча.
Брзо потоа се роди нивниот син Еди, а по некоја година ја добија и ќерката Ивана.

По свадбата, тие живееја мирен семеен живот, без конфликти и афери, а скандалите во медиумите беа минато.
Но, сликата за идеално семејство траеше до почетокот на 90-тите, кога загина нивниот син Еди. Брзо потоа, животот почна да им се распаѓа.
Анита, која долго време се држеше подалеку од медиумите, неодамна за 24sata.hr раскажа морничави детали за трагичната ноќ кога таа и Мишо го загубија својот син, но и за најголемите семејни трагедии што им го одбележаа животот.

„Мишо и јас ги воспитувавме децата секогаш да бидат добри кон другите деца и да им помагаат, па затоа секогаш беа опкружени со своите врсници. Но, дојдоа 1990-тите години и Еди стана Bad Blue Boy (член на фанатичната група навивачи на „Динамо Загреб“).
Се сеќавам дека почна да гледа воени филмови со своите пријатели. Почна да зборува дека сака да оди во војна и да ја брани Хрватска, иако имаше само 16 години.
Му реков на Мишо дека тоа воопшто не ми се допаѓа и дека мора да направиме нешто за да се фокусира на училиштето, но Еди не попушташе.

Мишо тогаш имаше добар пријател кој водеше воена единица во Чрномерац, па кога виде дека Еди сака да го искуси воениот живот, го замоли својот пријател да го земе кај себе.
Бевме убедени дека по неколку дена ќе му здодее строгата дисциплина, но се случи спротивното.
Еди беше првиот што станува наутро, правеше сè што му се кажуваше, спиеше на подот, се покажа како примерен војник.
Беше хипнотизиран од идејата дека еден ден ќе биде како филмските херои.
Се врати дома и продолжи да сонува да оди во војна“, рекла Анита.

Таа открила и дека прво по ова нивниот син го добил својот прв пиштол, а му го купил татко му.
„Мишо потоа направи една глупост. Тој купи пиштол и му го даде на Еди.
Го молев да не го прави тоа, да не му стави оружје во рацете на детето, но Мишо имаше огромна доверба во Еди и тврдеше дека нашиот син е доволно одговорен и знае што држи во рацете.
Еди веќе не се одвојуваше од пиштолот. Го носеше и кога излегуваше. До таа кобна ноќ во април 1992 година.
Еди секогаш се јавуваше ако остануваше подолго и секогаш знаевме каде е и што прави.

Но, тој не се јави таа вечер, и не се врати дома до 22 часот. Па ни до 23. Не дојде ни до полноќ.
Одев низ станот полудена од грижа, со лошо претчувство. Го молев Мишо да направи нешто, да оди да го бара.
И тој беше загрижен, но не знаеше кому да му се јави, каде да оди.
Јас излегував пред куќата, гледав по улицата чекајќи Еди да се појави од некаде.
Околу три и пол утрото, ни заѕвони телефонот. Мишо се јави и занеме. Полицијата го информираше дека Еди е во болница за трауматологија и дека „има мала повреда на мозокот“.
