Теа Таировиќ: „Само во недела се опуштам, ќе изедам бурек, па 3 дена плачам - Баба ми знае да ми каже 'Дебела си во тоа'“
- Детали
- вторник, 21 јули 2026
„Обично кога се враќам од настап, ако сум со автомобил, застанувам во пекарница и купувам бурек со печурки, тоа ми е омилен бурек. Потоа три дена се нервирам и плачам затоа што морам повеќе да тренирам“, вели Tea Tаировиќ и открива како сопругот ја мотивира да вежба.

Tea Tаировиќ неодамна за српските медиуми искрено проговори за своите најголеми слабости, недвижноста на црногорското приморје, строгите членови на семејството, но и за тоа зошто себеси се нарекува „вечен студент“.

Таа вели дека се труди да не биде перфекционист, бидејќи смета дека таквите луѓе всушност се несигурни, а дека денот недела ѝ е единствениот ден кога си дозволува малку да се опушти.

„Обично кога се враќам од настап, ако сум со автомобил, застанувам во пекарница и купувам бурек со печурки, тоа ми е омилен бурек.
Потоа три дена се нервирам и плачам затоа што морам повеќе да тренирам“.


Вели дека во тие моменти најголема поддршка ѝ е сопругот, кој ја мотивира и ѝ помага со тренинзите, бидејќи е многу подисциплиниран од неа.

Теа неодамна купи недвижност во Црна Гора, а уредувањето на ентериерот ѝ го довери на својата мајка, бидејќи добар дел од детството го поминала токму таму.
„Мајка ми беше задолжена за тоа. Таа добро знае каква ѝ е ќерката, па затоа сè е во бело и златно“.
Пејачката зборуваше и за својата баба, која секогаш ја држи цврсто на земја со своите искрени и директни коментари.